Марјанчо Лазаревски, Претседател на Македонската ИТФ, тренер и претседател на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец-Охрид, носител на црн појас 5 дан, светски вицешампион кикбокс Прага’96, дипломиран менџер по човечки ресурси.
Роденденот го сакам и се радувам затоа што носи радост и среќа, ме потсетува на сите прекрасни моменти и успеси, многу малку е потребно за да си среќен, но кога ќе добијам честитки за роденден од пријателите низ цел свет, тогаш сфаќам колку сум богат. Роденденот традиционално, ќе го прославам прво во клубот со моите ученици а потоа со пријателите и роднините. Ви благодарам Публицитет за роденденската честитка и на вашето внимание.
Публицитет.мк