
Мери Крстеска, наставник по македонски јазик во ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид и овластен лектор за македонски јазик.
Роденденот за мене е многу важен ден, кај нас дома сите родендени ги славиме. Сакам да сум со семејството и моите пријатели. На денот на мојот роденден сум многу среќна, сите упатени честитки до мене ми се многу драги и многу ми значат. Во животот сѐ е поубаво ако се споделува. Мислам дека годините колку се повеќе, толку се поубави, човек сѐ повеќе се опаметува и живее поквалитетен живот.
Желби имам многу, но сепак, една од нив секогаш е на прво место, да сме здрави и живи јас и моето семејство, како и сите луѓе околу мене. Покрај тоа, сакам во иднина да имам, како и досега, многу пријатели, да сум опкружена со позитивни луѓе и понатаму успешно да си ја работам работата која многу ја сакам.
Публицитет.мк







