
Мерсиха Шукри – харфистка од Скопје.
За мене роденденот е ден исполнет со огромна благодарност кон Универзумот. Благодарност за секој нов ден, за секоја измината година исполнета со многу искушенија, радост, музика, љубов. Живееме во еден чуден и тежок период и затоа треба да го славиме секој ден. Овој роденден ќе го поминам во кругот на најблиските, но исто така и со драгите колеги во филхармонија. Попладнето имаме генерална проба за традиционалниот концерт со кој ја славиме љубовта преку музиката.
Публицитет.мк







