
Милчо Мисоски,раководител на оддел. за лабораториска дејност при ЈЗУ ЦЈЗ ОХРИД.
Само што пристигав од Струмица и ја добив Вашата роденденска честитка. Таму, бев учесник на поетскиот фестивал „100 илјади поети за промена“.
Се претставив со мојата песна БЕЗБОЈНОСТ.
Денеска полнам 50 години чекајќи ги роденденските честики јас симболично ќе ве почестам со моите фестивалски стихови:
Мојот дом во стаклена чаша
зад скаменети брегови
нерасонети од зборот.
Замолкнати
цветови на кои не им го знам името
испреплетени
исцртуваат виножито од голи листови.
Прекрстените гранки
ги помнат белите корени.
Обоената земја нема сенка
Моето доаѓање споменик од пепел.
А јас сонувам и чекам што ќе ми донесат следните педесет. Ви благодарам.
Публицитет.мк







