
Мирјана Трпческа – новинар од Скопје.
Мојот роденден поради тоа што се совпаѓа со денот на кој се слави рождеството Христово Божик, отсекогаш предизвикувал внимание и посебен респект кај сите во семејството, моите пријатели и познаници.Потсвесно или не, 7 е мој среќен број и сакам да верувам дека среќата со овој број ми е некако предодредена. Роденденот отсекогаш ми бил повод повеќе за радост и посебна величенственост кон Божик кој во моето семејство отсекогаш се славел со посебен пиетет.Така е и оваа година, а најмногу од се’ сакам и така и го организирам славењето, да ми биде во кругот на моите најсакани а сеедно ми е дали е тоа дома или некаде надвор.

Во оваа прилика на сите ви ги честитам Божик и Новата Година а посебно на Публицитет.мк портал кој задолжително го посетувам барем еднаш во денот. Да сме здрави и живи, да се почитуваме и сакаме, да си помагаме и сочувствуваме едни со други.






