Митре Мангоски Радождански,дипломиран правник кој е вработен во МВР, моментално како раководител во полициската станица “Охридско Езеро” во Охрид, воедно и поет.
Иако мојата професија и работниот ангажман не ми дозволуваат многу слободно време, овој роденден ќе го поминам со моето семејство и најблиските пријатели во семејна атмосфера.
На шега ќе речам дека го истрчав првото полувреме (метафорички кажано) од животот, додека за второто ќе треба допрва да се размислува.
За себеси можам да кажам дека сум реализиран семеен човек кому духовна храна му е поезијата, на која што несебично и се посветувам давајќи го секогаш најдоброто од себе за македонската литература преку книгите и разните манифестации од областа на културата и литературата.
За мене најубавите подароци отсекогаш биле книгите кои што и овој роденден верувам ќе ги имам во добра бројка притоа уживајќи во нивното читање.
Љубовта е движечка сила во животот, затоа сакајте се драги луѓе и помагајте си меѓусебно на каков било начин, славејќи ја љубовта како највисока универзална вредност.
Публицитет.мк