
Митре Мангоски Радождански е дипломиран правник, поет и полициски службеник од Радожда кој живее во Охрид.
01.11.1969 год. е мојот најубав ден кога по божја промисла сум го започнал овоземниот живот.
Денешниот ден ќе го поминам работно, додека во вечерните часови со моето семејство ќе наздравиме со македонско црвено вино и торта.Со секоја година велат човекот станува помудар, бидејќи животот е големо школо, живот исполнет со секакви убавини, предизвици, успеси, падови, подеми…
Им оддавам почит на оние кои на сонот му даваат живот, на луѓе со срце, на оние кои упорно веруваат во чисти чувства, оние кои сакаат и се сакани, на кои љубовта им е водилка во животот.
Благодарам на Публицитет.Мк за честа и вниманието!
Публицитет.мк







