Наташа Андрееска – Одговорна уредничка на Македонско радио,Радио Скопје.
Овој роденден ќе го прославам во кругот на семејството,синот Горјан и сопругот Зоран со свечен ручек и вкусна торта.Секако дека ќе го одбележам и на работното место со мојот работен тим со кој вредно работиме и твориме долги години и покрај се потешкото време во кое живееме и преживуваме. Велат,најдобрите години се оние во кои сте сега.Се согласувам,во тие сум. 59 ка,убава бројка исполнета со разбирање, љубов,дружење.Во ова време на ковид, секоја добиена година е посебна.Еднаш се преживува и останува запаметена по нешто.Не треба да се жали што се старее,тоа е привилегија која треба да се доживее. Затоа,пред се’ ,добро здравје и магија во етерот со Македонското радио, Радио Скопје .
Публицитет.мк