Наташа Андрееска – Одговорен уредник на Македонско радио,Радио Скопје.
Времето е незапирливо и се движи само напред.Со него одиме и ние,некоја година позрели,побогати, посреќни или позагрижени. Мојот јубилеен роденден е тука,а јас сум исполнета зашто излезе мојата нова книга со радио колумни насловена ‘Зад нас” во Матица.Ова дело е инспирирано од новото модерно,под провокација на токсичното урбано со теми во кои актери сме сите ние.Горда сум на ова дело кое го виде конечно светлото во чест на мојот роденден.Горда сум и на успехот кој го постигнуваме со мојот радиски тим секојдневно и покрај многуте искушенија пред нас.
Шармот и магијата на радиото како медиум е во тоа што новинарот знае и ги чувствува слушателите по изговорените зборови.Емоциите иако не се видливи,тие се присутни и милуваат,лебдат и потикнуваат.Тоа сум јас,тоа е тимот на МРА.Роденденот е тука,доаѓа и проаѓа,и токму тоа ни ја дава енергијата што не води напред во животот. 29 ноември – датум за паметење на едни генерации а денеска е тоа и мој ден.
Здравје и среќа со нас и благодарност до Милчо и публицитет.мк
Публицитет.мк