Наташа Кочоска од Охрид, дипломиран одделенски наставник
Денес ми е сончев ден, ден кога сум среќна, денес ми е роденден.
Посебно се радувам на овој ден бидејќи мајка ми ме родила на нејзиниот роденден. Зарем има поубав подарок за една жена, за роденденот да си добие ќерка. Изминатава година беше предизвик за сите нас, но многу сум среќна што и овој роденден ќе го прославиме живи и здрави, заедно со мајка ми во домашна атмосфера. Си ги сакам родендените, ми будат убави чувства, ме развеселуваат.
Годинава зад нас не научи дека семејството е најважно во животот. Тие се тука и во добро и во лошо, а најмногу во тешките моменти како поткрепа и поддршка. Во тие моменти осознаваме кој нависитна не сака и вистински се грижи за нас.
Животот е како океан. Може да биде мирен или тивок, бурен или груб, но сепак, секогаш убав. Грижете се за себеси, бидејќи вие сте најважната личност во вашиот живот.
Хранете го секој ден со љубов и радост и почувствувајте ја убавината на животот и на сонцето што сјае во вас…
За крај, вам Публицитети.мк ви посакувам успешна работа и ви благодарам за честа и вниманието.
Публицитет.мк