
Олег Бошале од Охрид. Сликар – иконограф и фрескописец,
Од 1994 активно се занимавам со сликарство. Мое дело се фреските и иконостасот во црквата „Св Благовештение“ во населба Рача, како иконостасот во „Св Атанасиј“ во Рамне. Сум насликал преку 300 икони и фрески, графики и платна со охридски мотиви. Сите овие години тие ги красат домовите на охриѓани но и на многу туристи. И на овој ден, мој роденден се потсетувам дека со гитарата во раце пет години бев дел од КУД „Ѓердан“ а скоро деценија ипол свирев по кафеани. Затоа и во себе имам и чувам безброј песни кои и денес ми ја развеселуваат душата.
Публицитет.мк







