Оливера Ливирниќ. Раководител на Секторот за заштита на културното наследство во Министерство за култура.
Годините не се важни, важно е како човек се чувствува. Јас одам по својот пат, гордо а мислата водилка ми е мојата среќа и уште повеќе среќата на моето Сонце – ќерката Елена. Таа одамна е своја и самостојна личност, но нели децата за мајките се секогаш деца.
Денов се надевам ќе ми донесе убави моменти. Многу споделени насмевки и стотици желби, што лично, што преку социјалните мрежи да сме живи и здрави и уште долго да си честитаме.
Убав збор, некоја замислена желба , нејзино брзо остварување, парче торта и пијалак во рака. Доволно за еден посебен ден каков што е роденденот.
Публицитет.мк