Оливера Ташкоска , сопственичка на продавницата за чевли ДИ ЕМ – Охрид
Моето работно секојдневие ми носи професионални средби со многу луѓе. Во продавницата за чевли ќе бидам и денес, како и вообичаено. Но остатокот од денот во кој го славам роденденот сакам да го поминам со семејстввото и блиските пријатели.
Можеби не покажувам, така јавно, ама на секој роденден му се радувам. На овој, годинашниот посебно. Имам причини за тоа и сакам таа убавина и позитивна енергија да трае.
Всушност. родендените се многу повеќе од дување свеќички на тортата и наздравување. Тие се миг кога човек патува во мислите и сака соништата да му се остварат. Се надевам дека и моите ќе станат реалност.
Публицитет.мк