Павел Донески, магистер по односи со јавноста, оддел за поддршка на корисници во Slice Macedonia – Охрид.
Како поминуваат годините, се повеќе верувам во онаа древна максима дека не е толку важно колку пати сме зеле здив, туку колку моменти „ни го го одзеле здивот“. Денешниот ден ми е потсетник дека сами одбираме како ќе го живееме животот и оттука одговорноста и за точните, но и за погрешните одлуки е целосно наша.
Затоа и одбирам да живеам со полни гради, оптимистичка мисла и широко отворен ум, во духот на бесмртната химна на Бон Џови: It’s my life.
Роденденот, како и секогаш, ќе го прославам со луѓето кои ми значат најмногу: семејството и пријателите.
Публицитет.мк