Пепита Танеска др.мед. специјалист гинеколог, мајка на прекрасен син, веќе 19 години живее и работи во Словенија.
Денес ми е роденден и сум посебно расположена, среќна, исполнета. Обично од почетокот на јуни чувствувам посебна енергија и некако сум поеуфорична од вообичаено. Роденденот ми е испланиран и главно резервиран за мое добро расположение. Шопинг, спа, прекрасна масажа, ручек со син ми во нашиот омилен ресторан во Љубљана, вечерта е резервирана за најблиските со неизбежната роденденска торта во опуштено и пријатно расположение. Мојата најголема желба е да сум здрава и среќна, да ми се живи и здрави најмилите, благодарна до небо за се што Бог ми подарил. До следниот роденден отворам нова книга исполнета со најубави приказни и слики, прекрасни доживувања, авантури, убавини…
Поздрав до Публицитет, благодарам за вашето внимание и просторот што ми го отстапивте и направивте да се чувствувам посебно на овој за мене најубав ден…
Публицитет.мк