Радица Ристеска – Охрид.
Многу сум Ви благодарна на мојот ПУБЛИЦИТЕТ и Вас Милчо како негов креатор…..како ПОЛЕ ЗА ПОИНАКОВ ПОГЛЕД НА СВЕТОТ…што мене ми е посебно задоволство кога Ве читам.
Инаку точно е дека мене денес ми е роденден … Ете родена сум на православниот празник ТАНАСОВДЕН- зимен и полнам точно 68 години. Во текот на мојот живот задоволство ми е за се’ што сум постигнала и лично и семејно. Имено во мојот работен век, кој се’ уште е во тек, имам личен придонес на секое работно место на кое сум работела, а посебно на моето 24- годишно работење како судија на кривична област во Основниот суд Охрид. За мене претставуваат најголема сатисфакција моите придонеси за општо државните потреби, посебно во изборните активности прво на општинско ниво во мојот Охрид…. а сега и како член на Државната изборна комсија, каде барем досега моето големо искуство во минатото си има влијание на законското спроведување на целиот изборен процес во Република Северна Македонија. Мојот роденден ќе се прослави во кругот на моето семејство помеѓу моите пет внукички од моите двајца синови, секако почитувајки ги сите мерки за заштита од здравствената напаст – короната.
На крајот уште еднаш ви благодарам што се сетивте на мојот роденден!
Публицитет.мк