Радмила Ванкоска, фотограф.
После изминатава година која беше тешка за сите на повеќе нивоа, овој роденден ќе прославам како никој досега. И не мислам на никаква забава, просто само на апсолутната свесност дека сум сепак жива, дека луѓето кои ги сакам останаа живи и здрави и секогаш покрај мене, дури и кога не’ дели една граница. Би сакала да можев да го поминам овој ден со моите во Охрид, но ситуацијата е таква и не дозволува многу патувања, па ќе се впуштам во неколку долги телефонски разговори и по некое „живели“ со најблиските пријатели во Белград. И секако, прошетка во природа со кучето Маша. Додека не закрепниме од последиците и шокот што ни го приреде овој вирус, се’ што можам да посакам за сите нас е да пронајдеме мир и спокој во себе и несебично да им покажуваме на своите луѓе колку ги сакаме. Се’ друго е надвор од наша контрола.
Публицитет.мк