Ристе Битко, дипл.економист,финансиски аналитичар и инвестиционен советник. Вработен во брокерската куќа “Илирика Инвестментс” ад Скопје, експозитура во Охрид.
Сите си имаме по еден ден во годината кој си го прославуваме и се потсетуваме дека поминала уште една “земјина револуција”, значи плус уште една едно “вртење” но и плус уште една година. “Сепак се врти”.Нека се врти. Денес, за мене е тој посебен ден, мојот роденден. За мене лично ова е ден, кога сме малку повеќе расположени, опуштени и релаксирани,кога сме повеќе , ведри, насмеани, оптимистични, затоа што за момент забораваме на секојдневието.
Роденденот ќе го прославам со моите најблиски и со пријателите, секако во пријатно расположение.
За многу години.
Посебна благодарност до редакцијата на ПУБЛИЦИТЕТ. МК за вниманието и за просторот што го одвоија во нивниот медиум и ми направија чест,посакувајќи ми среќен роденден.Поздрав и до сите ваши читатели и подржувачи.
Почитувани, бидете здрави и живи, радосни и весели.
Ви посакувам многу здравје, среќа и успех.
Со Почит,
Ристе Битко
Публицитет.мк