Благодарам на редакцијата на Публицитет. мк, за честитките и за оваа убава рубрика што ни дава можност да ги запознаеме некои личности што и како ги поминуваат нивните роденденски денови. Јас денес ги полнам 51 година, бројка што ни дава за право да размислуваме за минатите години и децении, но и за иднината не само на личната, туку и за нашите поколенија, но и за општеството. Синоќа со семејството го гледавме филмот „Тома“ на кино и се’ уште сме под големи емотивни размислувања и за прекрасниот филм, но и за филозофијата на животот. Една убава реплика се слушна на филмот „не е битно колку долго ќе живееш, него колку живот внесуваш во еден ден“. Мислам дека сите треба да се потрудиме да внесеме што повеќе вредности и секој ден да се збогатуваме со нови сознанија и емоции во нашите животи. Роденденот ќе го поминувам со семејството, драго ми е што сме сите тука овие денови, ќерка ми Амона, која е на мастер студии во Грац, овие денови е со нас на краток престој, и сигурно ќе поминеме во убава атмосфера во ноќните часови. Овие денови и недели треба да учествувам на неколку меѓународни научни конференции, прилично сум посветен на некоклу интересни истражувања, па така ќе биде и денешниот работен роденденси ден. На сите родини и пријатели им посакувам да бидат здрави, радоснии весели.
Публицитет.мк