Сашо Алче од Охрид.
И овој роденден како и претходниот ќе ми помине во некое чудно време со Ковид – 19 од кој никако не можеме да се отарасиме. Секако денот ќе го одбележам со за мене ретки и драги луѓе со кои ме врзуваат многу спомени за минатото и денешнината а се надевам и во иднината. Честитките почнаа да стигнуваат и останува актуелна онаа дека пријателите се како ѕвездите кои се тука кога ви требаат. Јас, за нив сум секогаш тука, а имам среќа да имам другари кои се покрај мене во секое време.
Родендените се можност да се залее по некоја чашка со добро мезе и парче торта, дури и на ова прежешко време.
Публицитет.мк