Сергеј Андреевски, уметник.
Јас моите родендени ги доживувам како и секој друг обичен ден. Јубилејните родендени се тие на коишто им посветувам посебно внимание канам блиски луѓе и правам седенка за паметење.
Овој пат роденденот ќе биде во сенка на изложбата. Но ние уметниците најмногу се радуваме кога нашите дела создаваат радост кај публиката. Секоја нова изложба е еден вид прослава,роденден.Бидејки сликите се раѓаат и преку нашите раце и го исцртуваат потсвесното Тие се нашите родендени. Овде во Њујорк моите слики од циклусот Македонска азбука повторно создадоа возбуда кај посетителите .Тоа ќе биде моето славење овојпат.
А сепак светот во мало овде е секојдневно околу мене тоа е убаво чувство дека и ние со нашата култура и колку и да сакаат да не негираат поништуваат,ние сме овде . Нашите дела сведочат и ја потхрануваат Гоцевата мисла дека вечно ќе се натпреваруваме особено во културата каде што нашата посебност е евидентна.
Публицитет.мк