
Славе Ѓорѓо Димоски- поет и професор по македонски јазик и литература во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид.
Славе Ѓорѓо Димоски – Роденденска авточеститка
СВЕДУВАЊЕ СМЕТКИ
63 – смешна бројка
за сведување сметки
– мислам на годините.
Гледам напред
и назад,
гледам и кон небото.
А таму гледам врати:
– Некои се
од облаците
– Некои од
јасното сонце
И романтични: и ти
сјајна месечино!
Но крајпатните знаци
до таму
Не ги распознавам.
Спроти 63 роеденден
Публицитет.мк







