
М-р Славе Младеновски поранешен новинар, социолог, медијатор и потпретседател на Здружението на медијатори на Југоисточна Европа
Оваа убава рубрика во порталот Публицитет МК ја прифатив уште на првата покана пред неколку години и не ја пропуштам можноста денеска да напишам неколку реченици по повод мојот роденден. Денешниот ден, понеделник, работен за сите и за мене, а сепак малку различен. Имено, освен што на денешен ден сум се родил, тој ден во 1960 година бил понеделник. Ова го запаметив кога бев во средно училиште, а тоа е дека на мое големо изненадување, мајка ми само мојот ден на раѓање од седумте дена во неделата го паметеше и знаеше дека сум се родил во понеделник. Причината за тоа да го памети денот беше врзана со повод, а тоа е дека претходниот ден во недела биле со татко ми на свадба и уште вечерта ја однеле од хотел во болница. Биле весели, среќни и радосни, второ дете, прво машко од пет деца. Верувам дека таа среќа и оптимизам што ја делеле луѓето присутни на таа семејна веселба како позитивна енергија ме „допрела“ и постојано оптимизимот ми помага во решавањето проблеми во животот. Денес, кога сум медијатор, можам да констатирам дека над 10% од вкупниот број регистрирани постапки на медијација (4013) во Регистарот на Министерството за правда се мои од кои 86% со спогодба. Планирано е денешниов ден да го одбележам со сопругата, кумовите и блиски пријатели, а честитките од син ми.да ги добијам преку интернет видео.
Родените на денешен ден да го живеат секој ден како да им е првиот во животот со многу среќа и љубов од блиските и со позитивна енергија и оптимизам дека не постои проблем пред кој би се предале и не би се обиделе да го решат.
Драг пријателе Милчо ти пожелувам, успех во оваа твоја благородна мисија и благодарам за можноста на еден ваков ден да ги споделиме своите мисли со твоите читатели.
Публицитет.мк







