
Смиле Наумоски – Брсјак, писател и поет од Охрид.
АХ, МОЈОТ РОДЕНДЕН! – НА ВТОРИ МАЈ ВО 5 ЧАСОТ НАУТРО, 1951. Тоа се бројките.А животот?!
Еден ден си помислив: горе е небото, долу е земјата, а јас сум меѓу Вас, драги луѓе, драги пријатели. Без вас со кои заедно течам низ вечноста на времево кое стои, не ќе бев овој што сум и затоа му благодарам на Бога, ви благодарам и вам за моево постоење. Еден ден од моето секојдневно раѓање од ПОЧЕТОК си реков: Утро е сонцето излегува треба да станам, да го испратам ((“Елементи” – 1978) И еве, заедно со вас ќе го испраќаме се’ додека не сме преминале во некој друг облик, некоја друга димензија на постоење.
Публицитет.мк







