Снежана Крстаноска, секретар на Општинската организација на Сојуз на борци Охрид и Дебрца.
Најпрво да ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници, на вас и вашите читатели. Ви благодарам за укажаното внимание и отстапениот простор.
Како петто и претпоследно дете во нашето големо семејство, мојот роденден е интермецо помеѓу најголемите христијански празници Божиќ , Василица и Водици.
Оваа година иако ми е јубилејна, 60-тиот роденден ќе го прославам со најблиските, заради состојбата со пандемијата. Се надевам дека наредните празници и родендени , сите ќе ги славиме во подобри времиња.
Христос се роди. За многу години.
Публицитет.мк