Соња Алексоска – Неделковска, новинарка, пишувс за faktor.mk/ zenskimagazin.mk/ maskimagazin.mk/hastag.mk.
За 31 роденден го добив најголемиот подарок. Првпат станав мајка. Го држев во раце мојот син, кој се роди два дена претходно. Роденденот го прославив во болница со уште осум родилки. Како голем љубител на спортот, посакувам овој роденден, најголем подарок да ми биде пласманот на Македонија на светско првенство.
Сакам прослави, дружби со семејството, фамилијата, пријателите, колегите. Мојот јубилејен 50 роденден го прославив со 150 луѓе.
Соња Алексоска Неделковска беше професионално вработена во македонскиот дневен весник “Дневник” од 1998 година до 2017 година.Кој веќе не постои. Алексоска-Неделковска во текот на своето работно искуство пишувала теми од областа на музиката, телевизијата, театарот, филмот, репортажи и истражувања од други области. Пред вработувањето во „Дневник“ била уредник и водител во првото независно радио „ Супер Нова“ во Гостивар и полошкиот регион (1992 -1995) Паралелно била и дописник за „Вечер“. Од 1995 до 1996 работи во списанието ,,Шоу,, Беше новинар во списанијата “Антена” и “Викенд” каде пишувала за медиумскиот сектор во Република Македонија и регионот и следеше десет изданија на Евровизија. Од 2013 година беше уредник на „ Сцена“ и прилогот „ Антена“. Izvestuvashe od Svetskoto Rakometno prvenstvo od Katar (2015) Алексоска- Неделковска има и неколкугодишно искуство во маркетингот и ПР-от. Работела на маркетинг активности и ПР организирајќи или соработувајќи во организирањето на музички настании модни настани.Била дел од жири- комисии при избор на македонски нови зведи. Учествувала и на интернационални манифестации како член на жири -комисии. Алексоска Неделковска е автор на книгата „ Ова не е крај“ за животот и делото на Тоше Проески. Дел е и од авторскиот тим кој работеше на монографијата за „ Спомен куќата на Тодор Проески“. Добитник е на специјална награда за најуспешен новинар од фестивалот „ Макфест“. Редовен и активен член е на Здружението на новинарите на Македонија. И на Imternacional Federation of Jornalost.
Публицитет.мк