
Стефан Марковски, книжевник.
Роден сум на првиот ден од последниот месец во првата година од последната деценија од последниот минат милениум и освен што датата на раѓање умеам да си ја изразам со изменетите форми на прво и последно, за среќа во реалноста нештата почесто орбитирале во насока на или околу горниот дел од тоа дуо. Од друга страна, на први декември пред една година е датиран првиот официјален случај на актуелниот коронавирус кај нултиот пациент, едно од оние нешта што ја натежнаа вагата кон долниот дел од истото дуо, особено во Македонија, како што нѐ уверуваат статистиките.
Задоволен сум од своите лични/професионални успеси меѓу овој и претходниот роденден, ова пред сѐ беше година на пошироко меѓународно претставување на моето романескно и поетско творештво, каде особено важно место зема објавата на романот „Еретички писма“ на англиски јазик, но очајноста на севкупната ситуација во која се наоѓа македонското општество во овој миг од секој аспект, вклучувајќи ги и неодамнешните политички актуелности, и не дозволува некаков простор за славје по повод зачекорувањето во 30-та година од животот во една атмосфера на без’рбетништво, безидејност и немоќ за реално соочување со колективните проблеми. Сакам да верувам дека сѐ уште постојат шанси за излез од ова.
Публицитет.мк







