Стефан Тодоров од Скопје – млада надеж во пливањето.
Денес кога се празнува христијанскиот празник Свети Стефан, Стефан Тодров го прославува својот 15 роденден. Овој млад пливач чекори по патот на успесите и постигнувањата. Изминатата година постигна многу успеси на пливачките митинзи во земјата и во странство.
Стефан Тодоров, ученик во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ е пливач во ПВК „Вардар 8“. Под тренерската палка на Ведран Марковски, тој постигна три државни рекорди во својата категорија.
Роденденот традиционално го прославува во кругот на своето семејство.
„Секоја година носи носи предизвици, нов поттик за остварување поголеми и подобри резултати, затоа им поскаувам на сите читатели на Публицитет.мк среќни празници и успешна година!“
Публицитет.мк