Сузана Прањиќ Талевска, Односи со јавност, МВР.
Пред некој ден, по повод роденденот на Бајага, на некоја од неговите фан групите беше постирана една од безвременските “Године пролазе”. Ги читам стиховите кои на “нашки” би звучеле: Годините минуваат, со нервозен чекор, годините минуваат – ние стоиме…Дали сме посреќни, дали сме попаметни? Годините минуваат, ние гледаме…” На прагот на мојот роденден можам одговорно да потврдам дека посреќни не сме. Само сме научиле да ја бараме среќата во малите нешта: во утрата без магла и облаци, во деновите без изгубен пријател или познаник, во ноќите без несоница… Попаметни? Ма јок! Можеби малку помудри…да го ‘сконтаме’ сето она што веќе го споменав и…да чекаме….конечно да ѝ го видиме грбот на короната и повторно да го славиме животот онака како што сме научиле во првото полувреме! Дотогаш? Ред торта за драгите колеги во Секторот за односи со јавност и протокол, ред редовни работни обврски. А попладнето – резервирано за семејството Да сме живи и здрави барем уште
! Благодарам Милчо, благодарам Публицитет.мк, вечни да сте и ‘убај стално’, како погледот од Трпејца
Публицитет.мк