Сузана Столиќ – Станкоска од Охрид.
Секој ден е убав ама овој денот – роденденски е навистина посебен. А денеска, осамна убав сончев септемвриски ден. Од утрово со првото кафе се „наредија“ пред мене спомените од детството до денеска како на филмска лента. Животот е атлетска патека постојано се бориме со метрите и километрите и пречките кои ни наидуваат. Не е лесен ама е убав кога се живее со најблиските – децата и нивната среќа е и твоја среќа е навистина најубав.
Токму овој роденден ќе го поминам заедно со нив во домашен амбиент. Тогаш и така сум најсреќна. Денов ќе си го обојам во боите на љубовта и радоста.
Публицитет.мк