Тамара Јолевска – Попов,професор, по убедување писател, љубител на убави нешта.
Мојот роденден во изолација
Среќен роденден
Си најдов одлично место за криење. Шкафот на баба уште мириса на неа, иако одамна ја нема. Тука меѓу сите нејзини костуми и чорапи се свиткав како берлински перек и ги покрив очите…знаеш така невидлива станувам.
Изгледа одлично сум се сокрила. Низ процепот од вратите на шкафот се гледа светлина од сијалица, а не од дневното сонце. Нема пу за мене, пу за сите, спас! Изгледа заборави дека сум тука. Како да излезам сега ако не ме плукнеш.
Публицитет.мк