Татјана Караџова – Маленкова од Охрид, новинар и уредник на News1.mk
Во една прилика прославувајќи роденден ми рекоа „Поголема бројка – поголема среќа“. Во моментот не мислев така, но сега сум повеќе од сигурна дека ова е вистинската порака која ја добиваме преку родендените. За мене вистинска прослава за овој ден е во кругот на семејството и најблиските, а многу годи кога на овој ден ќе ме побарат и пријатели со кои подолго време не сме се слушнале и виделе. И ќе се вратам повторно на првата реченица, „Поголема бројка – поголема среќа“, верувајте во ова затоа што јас се уверив дека е така. Конечно добив време за семејството, мир, задоволство, благостојба, среќна со работата, благодарна на тимот и раководството, горда на децата. Публицитет.мк Ви благодарам за вниманието и да се „читаме“ и во други убави прилики.
Публицитет.мк