Теодор Љушкоски-дипломиран кларинетист од Охрид.
Оваа година како времето да запре. Мојата роденденска желба е никогаш повеќе да не се повтори ваква година и во наредните години сите луѓе да бидат посреќни, опкружени со многу љубов, здравје и среќа. Среќен сум кога ќе помогнам и ќе направам некого среќен, тоа е и мојата парола затоа верувајте во Бога, сакајте се, ширете љубов и правете добри дела. Се надевам дека за скоро се ќе биде по старо па ќе продолжиме да го живееме животот баш онака како што му доликува на едно човечко битие и се надевам дека за скоро повторно ќе можеме да ги ”вкусиме” благодетите на музиката. Оваа година роденденот ќе го прославам во кругот на семејство. Ви посакувам добро здравје и само среќни моменти на сите.
Публицитет.мк