Тони Јованоски – член на популарните „Камелеон“ од Охрид.
Ви Благодарам Публицитет за вниманието и честа сите години што ми го давате токму на мојот ден! Ќе започнам со годините се само бројка, важно е како се чувствувате и каков ви е духот, а јас се чувствувам исполнето што е најважно. Внуците и семејството се најзаслужни за тоа, но и секојдневните обврски околу одгледувањето на риби во рибникот Рајска Долина, многубројните свирки со мојот бенд Камелеон, навистина ми го исполнуваат секојдневието многу речиси и да се нема време за одмор, но не се жалам. Внуците Лука и Ноа се вистинскиот одмор и полнење на батериите за мене, многу често го поминувам секое слободно време со нив , радувајќи им се како си растат и прераснуваат во добри, паметни и културни момчиња. Свирките максимално ме опуштаат, рибникот веќе добро знаете дека е вистинскиот рај на земјата кој на секој човек му носи мир па така и мене! Недопредната природа таму изобилува со спокој кој на секој од нас му е потребен за да избега од секојдневниот хаос и брзо темпо на живот што го носи градот. Да сте ми живи и здрави, се гледаме на тазе вкусна риба во Рајска долина или низ некој локал во градот на свирка!
Публицитет.мк