
Трајче Лазороски, дипломиран географ, кој пак, сега работи во нашиот град Охрид по втората професија, односно забен техничар.
Во златната есен кога природата ја покажува својата душа и се обојува во шарено прекрасно руво, а убавите и сончеви денови ја привлекуваат секоја насмевка се наоѓа и месецот октомври и секако мојот роденден.
Родендените претставуваат потсетник на времето и нашето битисување низ него, но воедно и потсетник кој ни’ покажува на вредноста на неговата возвишеност – животот.
Секој роденден сам по себе е единствен и со посебна симболика, па така и овогодинешниот кој укажува дека добро е да се има своја благородна мисија.
Секоја честитка и одвоено време ми претставуваат посебна чест и имаат значајност, па така доброто нека биде со добро.
Посебна благодарност на Публицитет.мк за укажаната чест.
Публицитет.мк






