Вахид Мемед- Здружение „Инклузија“ од Охрид.
Овој ден има двојно големо значење за мене, бидејќи го означува датумот на моето доаѓање на светот, но и затоа што токму денес славам и 6 години од стапувањето во брак со мојата сопруга, Хермијана. Тоа се посебни мигови, кои оставаат трајни вредности во моите сеќавања. Родендените се секогаш еден навистина прекрасен повод, да се потсетиме за суштината на нашето постоење. Силно верувам во максимата дека секој од нас, всушност, се раѓа и живее за да остави некоја трага на земјата. Иако многупати се борам со ветерници, сепак, цврсто верувам дека смислата на постоењето е да создадам нешто добро, трајно и вредно. Таа вредност длабоко се манифестира низ залагањето на целиот тим на здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија”, кое е дел од мојот животен синџир веќе 10 години,да направиме поубави визии и остварливи цели за секој млад човек да ги гради корените тука, на своето. Денес, замислувајќи желба над роденденската торта, ќе си го посакам она најважното, добро здравје и убава мисла и среќа за мене и за моите најблиски.
Ви благодарам за вниманието, “Публицитет” и наздравувам за една поубава и посреќна иднина, со поубави утра за сите нас.
Публицитет.мк