Валентина Вања Тодоровска цели 25 години работи како новинар – почетоците и беа во дневениот весник „Вечер“, а нејзините текстови поврзани со музиката, животен стил, репортажи, колумни.., ги читавме во магазинот за млади „Блеф“, политички магазин „Зум“, но најголемиот преиод, цели 18 години, како што вели самата „од прв до последен број“, беше дел од уредничкиот тим на Утрински весник.
Денес Вања има свој Портал- 7дена.мк каде доминираат темите поврзани со храната за душа ама и за телото. – Храната е и љубов, разбирање, самопочит, ама сепак ништо без убавите софри каде се распостилаат миризливи и вкусни чинивчиња и приказните- вели авторката на колумните „Ај фил фуд“.
-Со големо задоволство ги следам гастрономските настани во земјата и надвор од неа, неретко ме повикуваат како судија, минатата година бев ПР на Гастромак, членка сум на Слоу фуд… Создавам убава енергија што секоја вечер ја протнувам под ѕвезденото небо, се’ уште се топам од чудото наречено животот, и најмногу верувам во моќта на зборовите, вели Вања.
-Ги сакам родендените, на овој специјален ден најмногу му се радува детето во мене, а јас сум само собирач и „радувач“ на спомени, додава Вања.
Публиццитет.ммк