Васка Кирова, дипломиран професор по македонски јазик и јужнословенски книжевности, лектор и библиотекар во ЛУ Библиотека “Благој Јанков-Мучето” во Струмица.
Со секој роденден и со секоја помината година сме сѐ помудри. Секој ден е причина за радост, а најмногу денот кога сме се родиле, благодарејќи Му на Бога што со Негов благослов сме дојдени на овој свет. Роденденот го доживувам како посебен ден од останатите денови во годината и му се радувам. Себеси и на сите им пожелувам здравје, радост, насмевки и спокојство во овие времиња. Љубовта во семејството е најголемиот благослов во животот. Вам “Публицитет” Ви благодарам на вниманието и Ви пожелувам успешна работа!
Публицитет.мк