
д-р Васко Митрески- матичен лекар од Охрид.
Ова е мојот јубилеен, 50 роденден. Времето навистина брзо изминува. Како вчера да беа моите први животни спомени некаде од три годишна возраст.Низ животот сум имал среќни и тажни моменти, впрочем како и секој друг.
Работам како матичен лекар во неколку села од долна Дебарца па ќе го искористам моментот, да ги поздравам моите пациенти, и да им заблагодарам на трпението, што мораат за овие денови додека сум на боледување ( за среќа лесна форма на Ковид ) , да направат напор и да ја посетуваат мојата замена, лекарката која работи во Охрид. Се надевам нема да биде за долго.Но, тоа се силни “момци”(и “моми”), не се сомневан во нив.
Честитки до Публицитет што им подарувате внимание на другите луѓе и ги правите среќни барем за момент, впрочем животот го прават ситните, убави моменти, не мора да се случува којзнае што, за да биде убав.
Ги поздравувам сите мои пријатели, посебно мојата сопруга, која безрезервно се грижи за мене овие денови.Ги бакнувам и моите деца, овојпат со бакнеж оддалеку . Ви благодарам што сте се сетиле на мене.
Публицитет.мк







