
Венко Трпески од Охрид. Работи во синдикатот и е претседател на МКД „Св.Кирил и Методиј“во Трентино – Италија.
Роден сум на голем верски празник за православните христијани. Денес се слави успението на Пресвета Богородица или како што народот го нарекува Голема Богородица. Денес е мојот роденден и славиме годишнина од брак со мојата сопруга Васе, а мене ми е омилен празник бидејќи носи чудесни пораки. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Си го сакам роденденот и миговите поминати во пријатна и опуштена атмосфера со чаша вино и омиленото парче торта.

Роденденот најубаво се доживува ако е поминат со најблиските, или со личноста која ја љубиме, која не љуби, или со личности кои знаат кои сме, без да сакаат да нѐ моделираат да бидеме поинакви, за ним да им одговараме. Во однос на тоа, можам да испратам и една мала порака: Не посакувајте големи работи , туку мали нешта што ќе ви носат големи радости во вашиот живот.

Има една посебна карактеристика за мене. Како што изминува секоја година во мојот живот така расте мојот ентузијазам за реализација на секое поле што значи дека годините се само бројка на скалата за успех и ентузијазам. За мене годините се само бројка, а позитивната енергија не брои години.
И конечно повторно сме сите заедно во Охрид, „Бисерот Балкански“ како што е познат во светот ама за жал за нас Македонците не е баш така, затоа што веќе неколку години има разработена негативна реклама која започнува пред летната сезона (Oхрид е скап, многу нечисто, охриѓани се негостопримливи итн.)

Охрид не се сака само со добра слика на плажа! Дали навистина можеме да придонесеме за заштита на Балканскиот Бисер? Да, секоја мала акција, ако ја повторат многу луѓе, може да доведе до одличен резултат. Треба малку сите да си ја подобриме културата.
Секојдневно делувам и самостојно и организирано,
МКД „Св. Кирил и Методиј” од Трентино е промотор на македонската култура и традиција во Италија
Само во септември имаме навистина повеќе активности:
Во сабота 11 септември закажана е промоција на книгата Eliza. Una storia macedone (станува збор за убава, многу емотивна, вистинска семејна приказна. Тоа е приказна за семејството на Рино, коешто има македонско-италијански корени.) Ќе присуствува и авторот Umberto Li Gioi (presso il palco “La foglia” del Parco Ville -Tione di Trento).

Во недела 19 септември ќе учествуваме на културната манифестација Festa dei Popoli a Trento. Ќе настапи играорната група при МКД „Свети Кирил и Методиј“ Трентино.
Драги мои каде и да сте, како роденденска желба сакам сите да помогнеме и да докажеме дека охриѓани се хумани.
Да се сплотиме сите и заедно да помогнеме Јован повторно да застане на нозе и да го продолжи детството како што заслужува секое дете. Затоа, на 05.09.2021 година МКД „Свети Кирил и Методиј“ Трентино ќе организира хуманитарна акција ОД СРЦЕ ЗА ЈОВАН.
Сите хумани граѓани, компании, здруженија и организации кои сакаат да помогнат во рамките на своите можности, тоа можат да го сторат на некој од следните начини:
Броеви за донација;
A1 – 143 460
Телеком – 143 117
Хуманитарна жиро сметка: 210 – 700000666623 НЛБ Банка (донации од Македонија)
Девизна хуманитарна жиро сметка: МК07210501751597434, SWIFT TUTNMK22 (донации од странство).
#SiAmoOhrid
Нека ни е честит и вековит празникот Голема Богородица!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!
VIVA LA MACEDONIA!!!
Благодарност и до редакцијата на Публицитет.мк и на м-р Милчо Јованоски што ја создаде рубриката за одбележување на родендени на своите читатели и на сите би им посакал да го практикуваат моето мото:
Направи го она во што веруваш, верувај во она што го правиш.
“Fai ciò che credi. Credi in ciò che fai“.
Публицитет.мк







