
Вера М Самарјанин од Битола. Македонски хуманитарен работник и писател.
БЛАГОСЛОВ
Мајка ми еднаш ми рече:
„Дај Боже да остариш,
своите соништа да ги оствариш,
деца и внуци со тебе Господ да чува
од немирниот ветер што дува.
Годините се само бројка
секоја година, нова постојка,
одново радувај се и твори
само за убавини, секогаш збори“.
И еве, оваа година со роденденот
јас јубилеј ќе славам,
стотата своја книга ја издавам,
животот тече, ита како река,
а и јас брзам, ново дело ме чека.
Вера М Самарјанин
Публицитет.мк






