Весна Баштованска , уредник во Веб портал Охрид1.
Конечно можам да кажам роденден по моја мерка. Не сакам да се присетувам на минатиот , туку да го прославам овој со моите најмили и најблиски. Мојот 41-ви роденден го прославувам заедно со сопругот и двата сина малку подалеку од нашата Македонија во Хрватска.
Дополнително кон атмосферата придонесува и совпаѓањето на мојот роденден со најголемиот христијански празник Велигден, каде се на некој начин се вклопува во прославата.
Најголемата роденденска желба , да го прославам овој Велигденски роднеден заедно со моите најмили, е веќе исполнета, другите желби може да останат во втор план.
Исто така на сите Православни Христијани им го честитам најголемиот христијански празник Воскресение Христово Велигден, со желби за многу здравје и радости.
Публицитет посебно благодарам за отстапениот простор.
Публицитет.мк