Весна Цветаноска, граѓанска активистка и магистер по политички науки од областа на европската дипломатија и надворешна политика од Охрид.
Како што ги оставам годините зад себе, сакам да верувам дека сум дала некој печат на моето егзистирање. Среќна сум што и во овие времиња на виор, кои носат неизвесност во борбата со злото кое две години не зачаури во сопствените души, во себе наоѓам надежи да се радувам на оствареното и на иднината. И оваа, 36-та година од моето раѓање, ќе ја започнам со здравица со најблиските и ќе си посакам сонцето на утрешнината да изгрее посилно за сите нас. Вам, почитувани од порталот www.publicitet.mk, ви благодарам за вниманието кое го добивам од вас секогаш, не само на овој ден, туку и во долгогодишниот тек на нашата соработка. Со почит, Весна Цветаноска, граѓанска активистка и магистер по политички науки од областа на европската дипломатија и надворешна политика.
Публицитет.мк