
Весна Константинова, дипл.фармацевт, copywriter, авторка на „Рисот Ристе и пријателите“, мајка на два сина, но пред се’ човек.
Мојот роденден од секогаш сум го доживувала како многу важен ден, без оглед дали на тој ден имало поголема прослава или скромно одбележување на денот.
Оваа година би сакала роденденот да ми е најсреќен, а и сите денови натака, и да го минам со оние кои најмногу ги сакам и најмногу ми значат, и тоа во за мене најубавото место на светот, а тоа е токму вашиот град Охрид.
Минатата година истотака за овој ден бев во Охрид и подарив книги во центарот за дечиња со аутизам ” Во мојот свет” во болницата Св.Еразмо. Се секавам дека дував свеќички на кадаиф и добив прекрасен букет од вработените, но бидејки роденден без торта не е роденден оваа година се надевам дека подобро сум организирана.
Подарување на книги повторно има и тоа 30 книгички за децата под покровителство на детската амбасада во Мегаси во Скопје, книгите штотуку ги оставив и се надевам дека навремено ќе бидат преземени и поделени од тимот на Меѓаши, бидејки јас овој ден ќе го минам со моето семејство, бидејки сметам дека поважно од љубов и семејство нема, а над тоа е само Господ. Токму затоа на овој ден нему му благодарам за животот што ми го дал мене, а и на сите, и посакувам да ни прости се што волно или не волно сме згрешиле, да ни го покаже вистинскиот пат, и да не благослови со долг живот, одлично здравје и вистинска љубов која вечно трае.
Публицитет.мк






