
Виктор Б. Шеќеровски,македонски поет, роден во Радожда живее во Белград.
Драги пријатели и пријатели од Фејсбук
Во младоста не можеме да живееме без желби, во староста ја губиме смислата за игра, ама ретки се оние кои не ја почуствувале тежината на животот.
Затоа од срце, искрено ви благодарам, иако е доцна, со годините се’ помалку сакаме и тоа само она што е неминовоно. Но, исто така знаеме дека и водата старее, шумата и шумот на ветерот и појавувањето на месечината, дури и сонцето старее.
Но, во овие години однендадеж се’ повеќе стануваме деца, бидејќи знаеме: За само 100 години меѓу нас нема да има разлика!
Уште еднаш искрена благодарност кон сите Вас.
Публицитет.мк







