Викторио Јаковлески од Скопје. Поранешен новинар, што сега плива во водите на односите со јавноста.
Својот часовник го добив минатата година
Четири пара сме друштвото во кое ги прославуваме нашите родендени. Поредени сме тројца во друштвото. Еден на 11, јас на 12 и третиот славеник е на 13. Така што, традиционално го бираме викендот пред или после и го држиме будно Клепало во Беровско цел викенд. Сопственикот ни остава се’ и се повлекува, микрофонот е наш. Дополнително, си направивме традиција, за 50 роденден, на половина од животот, да си доделуваме рачен часовник. Пред мене беа двајца, па јас возбудено го пречекав минатата година. Сега на +1 година, го чекам само Клепало, саатот веќе го имам една година на рака.
Инаку, 12 ноември е датум кој се провлекува многу во историјата на НР Кина. На тој ден сме родени и четворица колеги, поранешни и сегашни новинари.
На тој ден се гушкаме кај мене дома. Дека на “стариот” му е роденден. Годинава една прегратка имаме помалку. Јоаким, поголемиот син ја освојува Америка, студира таму… Но, ќе се гушкаме виртуелно, само тој нека биде среќен.
Епа, така некако и јас стигнав до 51 година зрелост. А ко вчера да се бев родил. Традиционално, очекувам мноштво честитки по повод убавиот ден, 12 ноември и им благодарам на сите кои ќе се сетат на мене на тој ден.
Публицитет.мк