Владимир Грујовски од Скопје, магистер на економија – Маркетинг менаџмент. Моментално работи како Комуникациски аналитичар и односи со јавност.
Последните две години поради ковид пандемијата и роденденските прослави имаат поинаков тек. Секако првиот дел од денот е предвиден за работните обврски, додека попладнето за фамилијта и пријателите. Додека претходно родендените сум ги прославувал во големо друштво оваа година роденденот ќе го поминам заедно со најблиските од фамилијата и пријателите со желба за надминување на пандемијата и што поскоро враќање во нормалното функционирање затоа сакам да ги повикам сите што не се вакцинирани да го сторат истото бидејќи тоа е единствениот излез за крај на оваа пандемија.
Публицитет.мк