
Владимир Грујовски од Скопје, магистер на економија – Маркетинг менаџмент.
Моментално работам како Комуникациски аналитичар и односи со јавност. Како и секој ден па така и овој ќе биде исполнет со работни обврски. Помеѓу првите што ќе ми го честитаат роденденот ќе бидат моите колеги рано наутро. Иако денот ќе биде исполнет со многу работни обврски знам дека попладневните часови веќе се резервирани за фамилијата и пријателите. Без разлика колку и да имам работни обврски, и тоа дека е почеток на работната недела на мојот роденден за фамилијата и пријателите секогаш наоѓам слободно време кое што сакам максимално и квалитетно да биде искористено.
Публицитет.мк







