Владимир Куциноски од Охрид, библиотекар во НУБ “Григор Прличев”
Роден во Охрид, 2 март 1985 година. Роденденот е потсетник на повторното раѓање, станица на постојана трансформација. За мене роденденот уште од мал до денес бил посебен ден во годината. Со секој роденден сме за една година повозрасни, тоа е смислата на животот, да прославиме многу родендени. Со оглед на тоа дека денес – Понеделник е работен ден, мојот роденден ќе го прославам во релаксирана и убава атмосфера со моите колеги на работа, и секако вечерта ја поминувам во кругот на семејството со топла прегратка и парче роденденска торта. Б
лагодарност до сите кои ми го честитаа или ќе ми го честитаат роденденот и кои не заборавиле на мојот посебен ден и секако до порталот Публицитет.мк за оваа прекрасна роденденска честитка која особено ми значи. Нека е убав секој нареден ден.
Публицитет.мк