
Восилав Борозанов од Скопје, архитект, градител – по однос на делувањето.
Во ова време на пандемија и изгубени директкни контакти остануваат само спомените на убавите денови. За среќа тука се социјалните мрежи а вие охриѓани, еве не ме заборавате. Ви благодарам. Очигледна е врската што трае и взаемно сме ја граделе попатно, пријателски и искрено.
Другото не може да се смени и избрише . Пак ќе повторам: Поминаа 26 години, откако не сум повеќе во Охрид и со претходни 20 години живеење во градот.Можам да речам: Тоа беше најубавиот дел од животот, не само што взаемно создававме белези, туку и по тоа што во Охрид се родени нашите два сина. Прапочетоците на љубовта меѓу мене и Охрид се од ‘56 приватно а од ‘58 / ‘63 како летувалец во пионерскиот камп Сутјеска.

Потоа следат студентски летување, пракси и вработување во повеќе претпријатија, управи и органи во Охрид.
Секако привилегијата да се живее и работи во Охрид, не ќе е комплетна, ако попатно, не се создадоа извонредно голем број на пријателства и другарување, што не е лесно во град кој има свој посебен градски живот.
Поздрав, со надеж дека летово околностите ќе ни дозволат да се видиме крај убавото и сино Езеро.
Публицитет.мк







